Кастомизирање на рекети
Било да сте професионален играч со десет или повеќе рекети или само рекреативец со два или три рекети ,важно е сите да се изедначени.Тоа значи дека масата ,балансот и моментот на инерција (swingweight) се потполно исти на секој рекет.Кога ќе купите два нови рекети,толеранција на производителот дозволува да се разликуваат дури до 15 грама.Тоа не изгледа баш многу ,но прави драстична разлика во целокупните перформанси на рекетот
Мастер Рекет Техничарот во Шпан Клуб Про може да ви ги изедначи сите рекети во вашата торба и ќе ги чувстувате сите исто ,со гаранција дека чувството ќе биде исто во текот или пред меч.Секој рекет ќе има иста маса (со грешка од ±0.5g),баланс (со грешка ±0.5g) и момент на инерција исто така ќе биде ист со помош на нашиот Prince Precision Tuning Centra (sa greškom ±1kg*cm2).
Клонирање на рекет
Клонирање или копирање на рекет значи дека ако имате стар модел на рекет и не постои повеќе во производство,ние можеме со користење на база од податоци да најдеме и направиме нов рекет кој може да се подеси или да добие исто или слично чувство како и вашиот стар рекет.Постојат многу работи кои неможат да се сменат на рекетот како што се цврстина или распоред на жици но сепак нашиот "KLON" процес може да биде сосема блиску.Контактирајте не за детали околу овој процес.