Замена и сервис на пластични туби
Громети (Grommets) или пластични туби првенствено служат да ја заштитат тениската жица од сечење на ивица во рекетот како и да го заштитат интегритетот на рекетот.Исто така овие водилки имаа важна улога како жицата се одбива од рекетот во текот на игра.Громети се произведуваат од многу тврди материјали кои может да пукнат во зимскиот период кога надворешната температура е ниска и тогаш доаѓа до слабеење на материјалот.До оштетување на грометите доаѓа исто и од нестручно шпанување или нестручно остранување на жицата во рекетот.
Постојат три начини да се реши проблемот со пукнати,оштетени или скршени громети:
Првото решение е да се купи нова гарнитура и да се замени во текот на следното шпанување .Другиот начин е да се сервисира стар и оштетен громет со помош на најлон или тефлон цевче и третиот начин е да се замени индивидуалниот громет кој е оштетен.
Во Шпан клуб про Замена или помош при сервис на замена на пластични туби е составен дел од услугата и за работна рака не наплаќаме,исто така можеме да би обезбедиме нова гарнитура за вашиот рекет .За детални информации контактирајте не.